Утре официјално ќе биде отворен трговскиот центар РЕМ, кој е дел од уникатниот повеќенаменски комплекс РЕМ, кој вклучува и хотел и станбени единици. Инвестицијата на компанијата "Ренова" во вредност од 40 милиони евра, воедно, е досега најголема во Западна Македонија. Трговскиот центар РЕМ со површина од 19.000 метри квадратни се наоѓа на најпосакуваната локација во Тетово, на само 700 метри од центарот, меѓу двата главни булевари. Консултантската компанија за недвижности Фортон", како ексклузивен агент за изнајмување на објектот, се погрижи трговскиот центар РЕМ да биде изнајмен над 85% од реномирани и добро познати брендови.
Утре официјално ќе биде отворен трговскиот центар РЕМ, кој е дел од уникатниот повеќенаменски комплекс РЕМ, кој вклучува и хотел и станбени единици. Инвестицијата на компанијата "Ренова" во вредност од 40 милиони евра, воедно, е досега најголема во Западна Македонија.
Трговскиот центар РЕМ со површина од 19.000 метри квадратни се наоѓа на најпосакуваната локација во Тетово, на само 700 метри од центарот, меѓу двата главни булевари. Консултантската компанија за недвижности Фортон", како ексклузивен агент за изнајмување на објектот, се погрижи трговскиот центар РЕМ да биде изнајмен над 85% од реномирани и добро познати брендови. Според Фортон", ТЦ РЕМ со содржините што ќе ги понуди ќе биде едно од најпосетуваните места во Западна Македонија, со 4 до 5 пати повеќе посетители од која било друга шопинг-локација во градот.
Во рамките на трговскиот центар свои продажни објекти ќе имаат повеќе интернационални и домашни брендови, како што се супермаркетот Карфур", италијанскиот моден синџир "Групо Фиори", "Мега Фешн", играчница "Аркадиа", "Екстрим интимо", "Офис плус", "Пенти", "Ламас" и "Џовани УСА", "Мат стар", "Кимико", "Топ шоп", "Анхоч", "ПС Фешн", "Голден Роуз", парфимерија "Еликсир", слаткарница "Амфора", донер "Дајти", пецива и пица "Меридиан", бутик "Емона", накит "Сваровски елементс", уреди за домаќинство "Елипсо".
РЕМ комплексот, покрај трговски центар од 19.000 квадрати, се состои и од луксузен хотел со 5 звезди на 12 ката, панорамски ресторан на најгорниот кат од хотелот, 146 станови и 400 паркинг-места, на вкупна изградена површина од 60.000 метри квадратни.